
Детонит Плачковица денес под водство на тренерот Иван Варадиновски го одработи последниот тренинг пред утрешното дерби против Беласица во Струмица на „Благој Истатов“.
Радовишани максимално подготвени влегуваат во пролетната полусезона со една цел – пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Детонит Плачковица во подготвителниот период одигра неколку пријателски натпревари и уште еднаш докажа дека има високи амбиции, а веќе утре против Беласица ќе го има првиот испит колку е подготвен за историски пласман во фудбалската елита на Македонија.
Детонит Плачковица на првото соочување триумфираше над Беласица во Радовиш, па во Струмица повеќе од јасно ќе биде дека Беласица ќе сака „одмазда“ за поразот во Радовиш.
Детонит Плачковица од петтата позиција ја започнува борбата за историски пласман во Првата македонска фудбалска лига во конкуренција со главните фаворити Гостивар, Вардар, Воска Спорт и Пелистер, екипи против кои радовишани имаат позитивни резултати од есенскиот дел.