Реми на „генералката“ меѓу Академија Пандев и Детонит Плачковица

Фото: Сашко Петров

Прволигашот Академија Пандев и второлигашот Детонит Плачковица на „генералката“ пред стартот на пролетната полусезона одиграа 1:1.

За „пандевци“ погоди Крстевски, а пак за радовишани погоди Радевски. Тренерите им дадоа шанса повеќето фудбалери.

Во изјава за телевизија М Нет, тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, рече дека има добра увертира за тоа што ги очекува во пролетниот дел.

„Одигравме дисциплинирано и онака како што се договоривме во текот на сите 90 минути. Со овој натпревар ги заокружуваме подготовките и мислам дека имаме добра увертира за она што не очекува од наредната недела“, рече Варадиновски за телевизија М Нет.

Академија Пандев пролетниот дел од Прва лига го отвара против Македонија ЃП во Ѓорче, а Детонит Плачковица во Втора лига стартува против Беласица во Струмица.