Аргентинецот Нахуел Франко е последното засилување за Академија Пандев

Нахуел Франко е последното засилување за Академија Пандев во зимскиот преоден рок.

21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на две и пол годишен договор со Академија Пандев.

Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец.

Со овој трансфер “пандевци” ја завршија реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството, каде ќе води борба за директен и сигурен опстанок.