
Со 500 илјаде денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Свети Николе, општината ќе придонесе за развој на археолошкиот локалитет Билазора. Градоначалникот Дејан Владев вели дека овој локалитет е заборавен подолго време и токму затоа општината прави напори да го развие и да прерасне во вистинска атракција за граѓаните. Тој апелираше до ресорното министерство да помогне финансиски за промоција на овој локалитет.
„Ние како општина од нашиот Буџет имаме предвидено 500 илјади денари за локалитетот Билазора, којшто претходниот период беше малку заборавено и од државата и од самото Министерство. Во претходниот период стапивме во контакти со професот Влатко и ја проширивме соработката со рекоторот на Славјанскиот универзитет во Свети Николе и потпишавме соработка“ – вели Владев.
Директорот на штипскиот Музеј, Митко Штерјов посочи дека лани Министерството за култура за конзерваторски работи на локалитетот „Билазора“ има издвоено 1.800.000 денари. Очекува да продолжи истражувањето на Била зора и оваа година, бидејќи веќе аплицирале во Министерството за култура. Сметка дека кога институциите се единствени, може да се направи многу за заштита на културното богатство.
Лаура Стојанова М-Нет