Утревечер второ ноќно скијање на Пониква

За вторпат оваа сезона за утревечер е закажано ноќно скијање на Пониква. Љубителите на зимските спортови утре во периодот од 17 до 20 часот може да скијаат на ски лифотот 1. Просторот е израмнет и подготвен за скијање, а и целосно осветелен за уживање на љубителите на зимскиот спорт.

Зимската сезона на Пониква започна претходниот месец кога впрочем се создаде и првата снежна покривка.

Подобрена е и ситуацијата со паркинг просторот кој се регулира од страна на општината, доброволното противпожарно друштво Кочани, полицијата и зимската служба. На тој начин се става ред во паркирањето и нема дополнителни задржување на возилата кои се движат кон Пониква иили во обратен правец.

Лаура Стојанова М-Нет