
За првпат вчеравечер се организираше манифестацијата „Спортист на годината“ за 2022 година и во Општина Карбинци. На овој начин се стимулира спортот во општината, вели градоначалникот Виктор Паунов, кој додаде дека е со тенденција ова да прерасне во традиција и на тој начин ќе се придонесе за развој на спортот во Карбинци.
„За првпат во Општина Карбинци организиравме настан којшто значи одбележување на успешните спортисти за годината 2022 со намера да ни остане традиција за понатаму. Избравме повеќе спортисти, дадовме признанија за посебен придонес во спортот, Општина Карбинци има неколку спортски клубови како што е Општинскиот фудбалски клуб, боречките клубови, качувачкиот клуб, така да на еден начин сакаме да го стимулираме спортот“ – вели Паунов.
Настанот не беше класичен со доделување една награда за најуспешен спортист, туку награди и признанија добија поединци и клубови кои постигнале значан резултат спортот претходната година.
„Сите спортски клубови добија поединечно признание и поединци од сите тие клубови добија признанија. Немаше класично избирање на еден успешен спортист беа уважени повеќе спортисти со неколку индивидуални или колективни успеси“ – додава Паунов.
Со над еден милион денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Карбинци, но и тенденција оваа сума да расте се придонесува за унапредување на спортот во општината. Истовремено се инвестира во реконструкција и изградба на нови спортски игралишта и терен за негување на спортот и спортските активности.
Лаура Стојанова М-Нет