Обложувалници и казина подалеку од училишта, приредувачите на игри на среќа незадоволни

Обложувалници, казина, места каде се приредуваат игри на среќа да бидат на оддалеченост од не помалку од 500 метири од основни и средни училишта.Владата, на седница, го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии.

Како што потенцираат од Валда со цел заштита на младата популација измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум.За асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа ваквата предлог одлука е неоснованат и непоткрепена.

„Со ваков предлог би се ставило би се ставило клуч на оваа економска гранка која во моментот вработува повеќе од 10 илјади вработени и годишно придонесува во Буџетот на Македонија со над 280 милиони евра. Оваа дислокација е неизводлива на терен, предлогот е комплетно неоснован и непоткрепен. Од наша страна беше побарано да активно бидеме вклучени при донесување на измени на Закон.“ – вели

меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. А се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Според Стоименов и до сега законот бил ригорозен однонсно еден од најригорозните кои функционираат на ниво на ЕУ.

Лаура Стојанова М-Нет