
Едногласно советниците во Советот на Општина Штип дадоа зелено светло за одвојување на финансиски средства за помош на погодените подрачје во Турција и Сирија. Предлогот на градоначалникот Иван Јорданов се усвои при што 300 илјади денари од Буџетот на општината ќе бидат насочени за населението во подогените подрачја од земјотресот.
„На мое задоволство сите советници со едногласна поддршка дадоа зелено светло да се издвојат 300 илјади денари од Буџетот на Општина Штип за помош на настраданите места во Турција и Сирија. Меѓудругото, освен финансиска поддршка Општина Штип денес испрати тим од пет пожарникари кои во наредните денови ќе помагаат во расчистување на последиците од земјотресот.“ – вели Јорданов.
Според Јорданов овие средства се предвидени во Буџетот на Општина Штип, и нема да има негативно влијание врз извршуваее на обврските во самата општина. Ова е најмалку што може да се направи за да се покаже хуманоста на дело дециден е Јорданов.

„Овие средства се предвидени во Буџетот на Општина Штип и нема да предизвикаат некои потешкотии во сервисирањето на обврските во Општина Штип, сметам дека ова е најмалку што можевме да го направиме во име на солидарноста и хуманоста која се бара од сите страни во овој момент од сите општини и сите државни институции“ – додаде Јорданов.
Финансиски средства за помош на населението во Турција и Сирија ќе испратат и сите општини од Источниот дел од државата.
Лаура Стојанова М-Нет