
Тимот пожарникари од Штип подготвени заминаа на помош во Турција. Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев и уште четири пожарникари во доменот на задачата подготвени за да помогнат на погодените подрачја во Турција. За период од три часа подготовките беа завршени, а во зависност од ситуацијата на терен ќе се знае враќањето назад.
„Противпожарната единица со пет пожарникари, едно возило и три сет опреми кои се специјализирани за земјотрес се подготвени за тргнување во Турција за помош на настраданото население. За подготовка за тргнување ни требаа околу три часа, чекаме наредба од Дирекција за заштита и спасување, а за враќање не се знае, сѐ зависи од ситуацијата каде ќе одеме.
И додека првиот човек на противпожарната единица Штип и екипата се во Турција работите овде се оставени во сигурни раце. Вели има командир на смена, лица кои навремено ќе ги завршуваат обврските овде.

“Командири на одделение и е дадено задача да ја извршуваат работата за секој случај кој ќе се случува овде. “ – додава Коцев.
Општина Штип е една од општините во Истокот која освен финансиска помош за подогените подрачја во Туција испрати и тим од пет обучени пожарникари.
Лаура Стојанова М-Нет