Откачена лимена кутија опасност за граѓаните кај „Промаја“ во Штип

Откачена кутија без внатрешна содржин виси на бандера веќе неколку дена. Жителите од местото викано „Промаја“ во Штип реагираат на опасноста која доаѓа од кутијата која виси на два кабли, но и од звукот кој ги вознемирува бидејќи кутијата постојано удира во бандерата.

„Снимката ви ја испраќам во име на жителите од највисокиот влез број 15 од стариот дел на кмплексот згради „Промаја“ но и од жителите на околните куќи. На бандерата од која висат два кабли, се откачи кутија која исто така виси на посебен кабел. Не знаеме што има и за што служат тие две нешта што заедно беа прикачени на бандера на која свети и светилка за улично. Посебен проблем е мафтањето од ветерот на лимената кутија која се удира од бандерата и создава неподнослив тресок, кој го слушаме веќе дваесетина дена.“ – реагираат граѓани од штипската Промаја.

За проблемот се обративме во ЈП Стипион. Новиот директор Кирил Зајков во телефонски разговор за М-Нет телевизија исткана дека утре ќе излезат на терен и ќе констатираат дали проблемот е во нивниот домен или не, а потоа соодветно ќе се реагира.