Штипските испектори во текот на денот имаа полни раце работа. Излегоа на терен за рутинско контролирање на кафулиња, ресторани, кафеани да утврдат дали и колку се почитуваат мерките и уредбите од протоколот за нивно работење.

Носење на лична заштитна опрема кај гостите, достапно дезинфекциони средства на влезот и секоја маса, колкумина седат и колкаво е растојанието (9,6m квадратни) меѓу нив. Од инспекцискиот совет беше најавено дека на почеток нема да се казнуваат гостите кои не ги почитуваат мерките, а на почеток ниту фирмите.

Угостителите ќе бидат едуцирани за спроведување на протоколот во пракса. Казнувањата ќе почнат по завршување на 10- дневната едукација. Ако се забележи дека по едно укажување на грешка кај угостителот повторно изврши прекршок тогаш ќе се казни веднаш.
Благојчо Костадинов/ М НЕТ