Микеил Ергемлидзе е ново засилување во нападот на Академија Пандев

Академија Пандев вечерва го промовираше Микеил Ергемлидзе како најново засилување во нападот.

Грузискиот 23-годишен напаѓач потпиша договор на една и пол година. Екс младинскиот репрезентативец на Грузија доаѓа од екипата на Капаз (Азербејџан), а во својата кариера има настапувано и за екипите на Динамо Тбилиси, Адана Демирспор, Сабах и Чикура.

Претходно, Академија Пандев се засили со Матеј Цветаноски, како и со Сандро Ембалло, Иван Галевски, Неат Абдулаи, Агрон Руфати, Георгие Јанкулов, Бурхан Мустафа и Марио Врдољак.

Пролетниот дел Академија Пандев го отвара во Ѓорче против „лавовите“.