Дејан Цветаноски и Дарко Размоски први засилувања во Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги промовираше првите две засилувања за неизвесната и тешката пролетна полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Од Вардар си заминаа Христов, Ристески, Парталко, Маркоски…

Вардар во пролетниот дел ќе игра во изменет состав во однос на есенската полусезона и ќе се обиде да го задржи барем второто место кое директно води во Прва лига, а за таа цел ги ангажираше првите две засилувања.

Дејан Цветаноски е нов играч на второлигашот Вардар. 32 годишниот напаѓач доаѓа од екипата на Силекс, со големо искуство во домашното првенство играјќи за екипите на Струга Трим Љум, Ренова, Победа, Пелистер.

Дарко Размоски е исто така нов играч на Вардар. 23-годишникот доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото беше дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на сезоната.

Вардар во пролетниот дел го очекува тешка пролетна полусезона со конкурентите Воска Спорт и Гостивар кои осетно се засилија, како и Пелистер во трката за првите две места кои директно водат во Прва лига, како и третото место кое носи во бараж за Прва лига.