
Со пригодна манифестација вчеравечер Општина Кочани ги додели наградите и признанијата за најдобар спортист за 2022 година за Ооштина Кочани, како и награди за најдобра спортска екипа, тренер, судија, спортски работник и слично. Со највсоката титула спортист на годината се закити Тоше Манев од ГФК Осогово Кочани. Тој е капитен во клубот и најдобар стрелец во Третата македонска фудбалска лига Исток. За него наградата значи мотив за поголеми успеси.
„Оваа награда преставува само мотив повеќе за да продолжам со добрите настапи за успешна сезона, повеќе голови и да го вратиме Осогово каде што му е местото во Втора лига. Моментално сме со бодовна разлика, шест бода и планираме истите да го задржиме и подобро да се пласираме во Втора лига“ – вели Манев.
Дека ќе продолжат да работат и да придонесуваат за равојот на спортот во Кочани ветија и дел од останатите добитници на спортски награди.

Со финансиски средства од околу пет милиони денари, но и со морална поддршка Општина Кочани учестввува во поддршка на спортот во градот. Градоначаникот Папазов истакна дека така ќе продолжат и во оваа тековна година, со цел спортот да се крене на едно повисоко ниво.
„Општина Кочани преку програмите за спорт вметнати во Буџетот секоја буџетска година определува Буџет и средства кои се наменети за мотивирање и за финасирање на работата на спортските клубови и на поединците и сметам дека во рамки на своите можности и расположливите средства го даваме максимумот.“ – вели Папазов.
Наградите за најдобрите во спортот беа избрани од Асоцијацијата на новинари на Општина Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет