
Две години по корона пандемијата и туристичко Берово повотрно ги мами туристите да го посетат. Чистиот воздух, боровата шума се само дел од причините зошто се повеќе туристи го избираат Берово за дестинација која ќе биде посетена. Интересен е фактот дека по пандемијата сѐ повеќе застапени се домашните туристи, за разлика од странските. Берово е посетеноо во текот на целата година, не само зимската сезона.
„Берово е посетено во текот на целата година, речиси е вратен туризмот од пред времето на пандемијата, со тоа што сега економската криза има сега некој свој удел, но домашните туристи се вратија можам да кажам во поголем број, бидејќи оние кои претходно шетаа само надвор со короната имаа шанси да се запознаат со својата земја и убавините нејзини. Тие кои претходно не биле пред короната гости сега се исто така наши гости. Странските гости се во понамален број во однос на короната“ – вели Муцунска.
Берово зазема сѐ поголем тренд на посетеност, додава Муцунска. Потенцира дека застапен е планинскиот туризам 12 месеца во годината, а не само зимскиот туризам. Вели Берово има што да понуди и токму затоа сега после короната од година во година бројот на туристи постојано расте.
„Интересно е за Берово е што ние немаме типичен зимски туризам, туку имаме така наречен планиснки туризам, а планинскиот туризам се практикува 12 месеци во годината, ние не работиме сезонски, ние работиме подеднакво во сите годишни доба.“ – додава Муцунска.
Во Берово нема загадувачка индустрија, домовите и угостителските објекти се топлат со пелети и дрва кои ги има во изболиство. Берово се наоѓа на 900 метри надморска височина, според податоците на Светска здравствена организација е иделано за човековото здравје, токму поради големиот процент на кислород во воздухот, кој овој регион го прави воздушна бања, со недопрена и живописна природа околу езерото, ливадите, но и боровата шума. Поголем развој на туризмот се очекува со отварањето на граничниот премин Клепало, кој ќе го спои со соседните бугарски општини Струмјани и Сандански, каде е пак развиен бањскиот туризам.
Лаура Стојанова М-Нет