Владимир Егоров спортист на годината на Општина Штип за 2022 година

„Да го прогласиме и спортисотот на годината на Општина Штип за 2022 година. Ни помалку, ни повеќе станува збор за Владимир Егоров.“

Седум години Егоров ги брани боите на боречкиот клуб Балканец и на македонската репрезентација. Тој е еден од најуспешните спортисти во Штип, но и државата, државен и европски првак. За сите постигнати успеси Општина Штип му ја додели наградата спортист на Општина Штип за 2022 година. За него тоа преставува огромна чест и мотив да продолжи понатаму со успеси.

„Голема е честа што сум избран за спортист на годината. Моја цел е олимпијада во Париз.“ – вели Егоров.

Признанија и награди меѓудругото се доделија и за најдобар тренер и најдобар женски спортист за 2022 година.

„Ова награда како на мене така и на Владимир да продолжиме и следната година. Нѐ очекува олимписка година за нас што е многу важна. 2023 година ни е светското првенство, а имаме и турнири што ќе бидат норми за олимпијадата, така да ова година ни е најважна“ – вели Данов.

Во спортот се вложувало и ќе продолжи да се вложува, истакна градоначалникот иВан Јорданов. Наградите и признанијата се мотив за добитниците дапродолжат да се докажуваат во обаласта на спортот и оваа година, а со финансиска поддршка од 16 милиони денари ќе помогне и општината.

„Спортските успеси освен што се круна на напорната работа на спортистите, тие се гордост на сите нас кои ги поддржуваме о бодриме. Затоа чест ми е што ќе им оддадеме признание на најдобрите спортисти кои изминатата година со своите спортски достигнувања беа амбасадори на градот Штип.“ – додаде Јорданов.

Признанија и награди се доделија во неколку категории, од пионири до сениори, за спортски судија, спортски клуб, работник, тренер, спортски подвиг, амбасадор и слично.

Лаура Стојанова М-Нет