Андреј Симевски со деби гол за бугарскиот третолигаш Черноморец Бургас

Македонскиот фудбалер Андреј Симевски направи трансфер од струмичка Беласица во бугарскиот третолигаш Черноморец Бургас, за што објави и телевизија М Нет.

Симевски на првиот контролен натпревар за новиот клуб постигна гол против Сливен, клуб кој исто така се натпреварува во Третата бугарска лига – Југоисток, каде што исто така се натпреварува и Черноморец Бургас.

Натпреварот заврши без победник со шест постигнати погодоци (3:3). Резултатот го отвори новото засилување за бугарскиот третолигаш Андреј Симевски, а Мирослав Манев ја удвои предноста за Черноморец. Сливен постигна гол пред крајот на првиот дел за 2:1 на полувреме.

Во вторито дел Петар Патев со глава зголеми на 3:1 со што Черноморец имаше предност од два погодоци. Тренерот на „ајкулите“ одлучи да направиме промени во составот и во игра влегоа млади играчи кои добија шанса, а тоа резултираше со нови два гола на Сливен за конечни 3:3.

Следен контролен натпревар за Черноморец од Бургас ќе биде против Черноморец од Балчик, екипа која се натпреварува во Третата бугарска лига – Североисток. Двете екипи од своите региони претендираат за влез во Втората бугарска лига.