
Андреј Симевски се раздели со Беласица и кариерата ја продолжува во бугарскиот третолигаш Черноморец Бургас.
25-годишниот центрафор кој беше еден од најдобрите играчи на „струмичката гордост“ реши да направи трансфер и да го облече дресот на Черноморец Бургас, екипа која се натпреварува во Третата бугарска лига – Југоисток.
Черноморец Бургас се наоѓа на четвртото место на табелата во Третата бугарска лига – Југоисток со 38 освоени бодови и има негатива од шест бодови во однос на лидерот Несебар. Само првопласираната екипа од секој третолигашки регион во Бугарија обезбедува пласман во Втората бугарска лига.
Симевски освен за Беласица во својата кариера има настапувано и за Слога од Виница, Осогово, беровски Малеш, Каменица Саса, Кит Го од Пехчево, Детонит и штипски Астибо.