
Овчо сирење, кравја и козја урда, домашни јајца, производство има, ама не и побарувачка на овие производи. Спасена од виничко Грлани се занимава со сточарство, и производство на урда и сирење, ама нема побаувачка на пазарот. Скапи се храната, нафтата, ѓубрето па одгледувањето на стока и производството на сирење и урда е далеку од исплатливо.
„Овчо сирење, кравја и козја урда, занимаваме се одгледување на благина, со сточарство, ама нешто нема народ, слабо се троши. Не се исплаќа да се чува стока, нема побарувачка на производите. Никој не купува, а се скапо, ѓубре скапо, храна, нафта скапа на крај не може да се излегне. Порано беше многу подобро, сега слабо некој одгледува стока. Порано сѐ што се донесеше на пазар сѐ се продадеше, сега веќе не.“ – вели Спасена.
Спасена од мали години се занимава со сточарство и затоа денеска сѐ уште произведува сирење, ама вели нема кој да ја наследи. бидејќи младите не се интересираат за ова. Цената на производите за нив е недоволна, за купувачите скапа. За домашните јајца од 12 денари не се ниту прашува. А работата е тешка, трудот не се исплаќа.
„Цената е различна, ама за луѓето скапо е, на нас ни е евтино. 400 денари сирење, урда 250 денари и тоа е тоа. Јајцата по 12 денари ама еве носев 20 зрна не сум ги продадела. Не се троши. Никој не ни праша каква е цената. А тешко е да се произведе и сирење и урда. Потребна е храна за стоката, работа за производство на сирењето, пресол треба да има, ако изгуе пресол оно ќе се расипе. Сѐ е тешко“ – додава Спасена.
Дополнително, по 150 денари се плаќа и тезга на пазарот во Кочани, па ситуацијата со со продажбата на домашно сирење и урда не е добра. Тека Спасена вели додека може ќе работи, ама нема ниту исплатливост ниту можност некој да ја наследи и да продолжи со оваа работа.
Лаура Стојанова М-Нет