
Келерабата е двегодишно растение кое спаѓа во групата зелкасти растенија, односно и по самата градба има налик на зелка. Се консумира додека додека е млада, а плодот е сочен, мек и вкусен. Ова растение успева речиси секаде бидејќи се одгледува на ист начин како и зелката. Полно е со витамини и најчесто се приготвува како свежа салата.
„Келерабата е зелкасто растени, исто се сади во расад како зелката во август, а се расадува на постојано место, семето се фрла околу 15 јуни. Зелкасто растени преку зелата зима го има, на отворено е иначе келераба е витаминско растение, богато е со многу витамини. Може да се консумира како свежа салата, се ренда, киселка салата, а сега гледам дека може и да се пржи. Ама најубаво е свежо да се кконсумира, на ренде или коцкички.“ – велат произведувачите.
Ова растение деновиве може да се забележи и на пазарот во Штип, но продавачите велат ретко кој од граѓаните знае за што станува збор. Секој втор прашува, па овде се крие и причина поради која многу малку се троши. Келерабата ја има зелена и црвена, производство има, ама нема веќе кој да работи.
„Многу слабо, по 20 до 30 броја продаваме од пазар на пазар, иначе јас го давам евтино од 30 до 50 денари за парче, а некаде се продава и по 100 денари за парче. А многу е богато, има многу витамини во него. Секој втор граѓанин прашува што е ова, затоа и на лист напишав дека е келераба. Има ја бела и црвена. Производство има, нема кој да работи“ – додаваат продавачите.
Келерабата е полна со витамин Ц, калциум, железо, бакар, магнезиум, содржи малку калории, јаглеродни хидрати и белковини. Келерабата е добра за здравјето на срцето, одлична е за органите за варење, а има и антиканцерогени својства.
Лаура Стојанова М-Нет