
Крак на улица Широк дол во Штип бетонирана од страна на Огранизацијата „Институт за истражување и анализа на политики“ – Ромалитико од Скопје. Ова е втора вакава акција, улицата е во должина од 40 метри и е од корист на 50 граѓани кои живеат или транзитираат во овој дел од градот.
„Спорведувам проект кој опфаќа пет години и е поврзан со Ромската заедница. Меѓу 17 општини и Штип е една од општините во којашто работиме. Ова е веќе втора акција која ја реализиравме за многу кратко време. Реконструиравме патека од 40 метри, реконструкцијата ја направи самото локално население.“ – вели Скендери.
Материјалот е обезбеден од страна на огранизацијата, а работата е спорведена од страна на месното население кои живее во овој дел од градот. Акцијата е завршена за два дена, и граѓаните се задоволни што конечно по подолг временски период нема да газат по кал.
„Улицата беше со дупки целата, добивме материјал, бетониравме го, една акција спроведовме неколку дена. Сега за сега патот ни е супер, луѓето ни излегоа во пресрет“
„Акцијата се работеше два дена, петок и сабота, имавме работници од заедницата околу 30 луѓе, двата дена околу 60 души што работеа овде“ – вели Зејнелов.

Од Ромалитико истакнаа дека акциите не завршуваат овде. Во наредниот период се предвидени уште две акции, од кои едната опфаќа реконстукција на пристпна улица во Черења во должина од 15 до 18 метри. Освен во Штип, оваа организација дејствува и на територија на Кочани, Виница и Берово каде има поголем процент на Ромско население.
Лаура Стојанова М-Нет