Берово полно само за празниците, во останатиот период од годината народ има сѐ помалку

Берово полно за празниците, ама потоа улиците и централното градско подрачје остануваат празни. За време на новогодишните и божиќни празници туриститите најмногу биле домашни, но имало и од соседните држави. Беровчани на терен велат градот има што да понуди, ама само кога станува збор за одмор и прошетка. Потоа младите заминуваат на работа во други градови, кон центарот на државата или надовор од нејзните граници.

„Имаше, имаше народ многу. Од Скопје, од Штип, Куманово, од секаде имаше. Берово може да понуди сѐ, од ноќен живот, кафичи, апартмани, сѐ има. Но, во останатите денови од годината Берово е пусто.“ – велат граѓаните на терен.

Беровчани очекуваат и за празникот Богојавленије градот да го посетат голем број туристи. Велат дека по празниците, односно по 20 јануари градот веќе останува празен, освен за викенди кога дел од граѓаните се враќаат назад.

„И за Богојавление ќе има многународ, ког се фрла крстот во реката долу. До тогаш има народ, потао веќе толку, се празни Берово.“ – додваат беровчани.

Народ во Берово има и за време на зимската сезона, но оваа година снегот задоцни, и сезоната велат сѐ уште не е во целост отворена. Се надеваат дека со пообилни врнежи од снег убавото Берово повторно ќе заживее во полн сјај.

Лаура Стојанова М-Нет