Првото новороденче во 2023 во Кочани е женско, се роди синоќа

Првото родено бебе во 2023 година во Кочани е женско и се роди синоќа на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани го роди своето второ дете, тешко 3,2 килограми и долго 51 сантиметар. Бебето и мајката, кои во моментов се чувствуваат добро, ги посети градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, и им ги врачи традиционалните податоци.

Според податоците од Општа болница, во 2022 година во Кочани се родиле 20 новороденчиња повеќе од претходната.

Ребека Спасова М-Нет