Нови 12 мотоцикли добија сообраќајните полицајци од РСБСП

Нови 12 мотоцикли вредни 7,3 милиони денари добија сообраќајните полицајци, донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот по патиштата. Со ова се подобрува работата на полицијата, а истовремено се зголемува безбедноста во сообраќајот на сите учесници во истиот.

„Покрај многуте претходни примери на партнерство, денеска го официјализираме и ова примопредавање на опрема, вредна над 7,3 милиони денари, која се состои од 12 мотоцикли ‘пиаџо беверли’, целосно опремени за потребите на сообраќајната полиција, што нашите пријатели од РСБСП денеска ни ја врачуваат на користење”, рече министерот Спасовски.

Денешната цел е заеднички институциите односно Министерството и Советот да придонесат за побезбедни патиштата на територијата на цела држава.

„Унапредувањето на работата на сообраќајната полиција и подобрувањето на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај. Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли од стана на сообраќајната полиција”, истакна претседателката Кожуваровска.

Соработката меѓу овие две институциите постои од претходно, а со вакви настани истата само се продлабочува.

Ребека Спасова М-Нет