Голманот Трајковски си замина од Саса

Голманот Горан Трајковски си замина од Саса по само шест месеци, откако двете страни спогодбено се разделија.

25-годишниот голман од Куманово пристигна од редовите на Воска Спорт каде имаше одлична сезона, но сепак како што дознава телевизија М Нет, Трајковски реши да си замине по шест месеци во дресот на Саса.

Трајковски сега е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нов клуб, а за Саса бранеше на сите 15 натпревари во есенскиот дел. Во својата кариера има настапувано за Воска Спорт, Работнички, прилепска Победа, Македонија ЃП, Силекс како и радовишка Плачковица.

Во дресот на Воска Спорт минатата сезона, Трајковски 20 пати стоеше на голот и бранеше во баражот против прволигашот Тиквеш, историски меч кој охриѓани го загубија и останаа второлигаши. Исто така, Трајковски во дресот на Воска Спорт дури на 10 натпревари имаше чиста мрежа – без примен погодок од вкупно 20 натпревари што ги бранеше, што говори дека станува за одличен голман.

Во следните денови ќе биде познато каде Трајковски ќе ја продолжи кариерата откако си замина од Саса.