Ветерот и дождот го вратија чистиот воздух во Штип, штипјани ги чувствуваат промените

Дождот од вчеравечер и промената на атмосферата донесе почист воздух во Штип. По големото загадување кое беше присутно во изминатитите две недели, конечно денеска штипјани дишат слободно. Главни причини за ваквата ситуација е силниот ветер кој беше присустен во текот на вечрашниот ден, како и дождот.

„Промена на атмосферата придонесе за почист воздух во Штип. Вчера и денеска веќе не се забележани високи ПМ честички во воздухот, вредностите се под дозволеното со што може да констатираме дека воздухот е многу почист за разлика од претходно кога пм честичките беа неколкупати над дозволеното. Ветерот кој вчера дуваше во текот на целиот ден позитивно влијаеше, како и дождот кој е присутен од вчеравечер. Се надеваме дека вакавата ситуација ќе се задржи и во наредните денови и ќе дишиме чист воздух“ – вели професор Дејан Мираковски.

И граѓаните на терен велат разликите се видливи. Сонцето по дождот придонесе за граѓаните да излезат и да прошетаат, и велат дека дека сега воздухот е многу почист. Ама додаваат дека Штип како град ретко се соочува со магла и загаден воздух.

„Па добро Штип е реалтивно чист град и не е имало проблеми како по другите градови, ама сега е ептен исфилтрирано и затоа шетаме“ – велат граѓаните.

Штип за првпат по подолг временски период повеќе од една недела беше во црвена зона, кога мерните станици покажуваа вредност на ПМ честитчики и над 200, а дозволени се 50. Загадувањето беше изразено и во вечерните часови, а лекарите советуваа граѓаните да се движат со маска и помалку време да поминуваат на отворено.

Лаура Стојанова М-Нет