
Македонија Ѓорче Петров прва од прволигашите започна со одигрување на контролни натпревари во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ вчера ремизираа против Колкети од Грузија на првиот натпревар во рамки на „Арена Куп 2023“ кој се игра во Медулин, Хрватска.
Следен меч за Македонија ЃП во Хрватска ќе биде против Истра, а овој меч ќе се одигра на 9. јануари, додека пак во групната фаза „лавовите“ ќе се соочат и со Арсенал од Тиват два дена подоцна односно на 11. јануари.