
Пионерите на Академија Пандев освоија второто место на турнир во Обединети Арапски Емирати, Дубаи.
Младите „пандевци“ денес ја победија екипата на ИММ-Београд, и со тоа се искачија на високото второ што е голем успех за пионерската екипа на струмичкиот фудбалски клуб.
Инаку, на мечот за второто место за играч на натпреварот беше прогласен Давид Ристовски.
Од екипата упатија голема благодарност до фудбалската легенда Горан Пандев, кој им овозможи учество на овој голем турнир во Обединети Арапски Емирати, а младите надежни фудбалери вратија со голем успех каде се претставија во одлично издание предводени од тренерот Мартин Алаѓозовски и координаторот Борче Постолов.