Ќака се врати во Шкендија

Шкендија по Мустафа Мујезиновиќ денес се пофали со уште едно ново засилување. Камер Ќака е повратник во тимот на тетовскиот прволигаш.

Се работи за искусен фудбалер, кој минатата сезона настапуваше во Унгарија. 26-годишникот ќе биде големо засилување за Шкендија со оглед на фактот дека доаѓа во средина која веќе му е позната.

Инаку, Ќака во својата кариера настапуваше и за Конгсвингер, Универзитатеа Крајова, Политехника Јаши, Стеауа, Кристијансунд, Сарпсборг, Хонефос, Рауфос и Валеренга.