
Заврши соработката меѓу Академија Пандев и Мите Цикарски, со што искусниот фудбалер за пролетната полусезона ќе бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.
Договорот на Цикарски истече и нема да биде продолжена соработката меѓу двете страни. Академија Пандев во моментот прави голем „ремонт“ во тимот, па во пролетниот дел ќе влезе со големи промени во составот со кој ќе се обиде да обезбеди сигурен и директен опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Инаку, 29-годишниот струмичанец покрај за Академија Пандев на домашната сцена настапуваше и за Работнички и Вардар, а на меѓународната играше за романски Газ Метан, грчка Јанина и кипарски Етникос.