Трагедија во Свети Николе: Маж пукал во жена, па се самоубил

Денеска (31.12.2022) во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во 07:50 часот пред пензионерски дом во Свети Николе Т.А.(43) од Свети Николе со пиштол пукал кон О.Б.(32) од Свети Николе, при што таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе, по што починал. Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.