
На кочанскиот пазар ја нема предновогодишната еуфорија, велат тамошните продавачи. Кризата и инфлацијата ги „заспаа“ и оние кои секоја година, според нив, доаѓале еуфорично да купуваат земјоделски производи за новогодишната вечер и празниците.
Меѓутоа, цените и денес беа пристојни, додаваат продавачите. Речиси и да се приспособени за сечиј џеб.
На пазарот и денес се продаваа и грнчарски производи, но оние кои го произведуваат велат дека занаетот е веќе во изумирање иако и ден-денес некој знае да купи по некој сад.
Ребека Спасова М-Нет