
Кочанчани за првпат новата година може да ја дочекаат во паркот на Револуцијата. Со органзирана музичка програма, во прекрасен новогодишен амбиент кој владее веќе неколку дена во центарот на Кочани, се планира испраќање на старата и дочек на новата 2023 година. Од општината потенцираат дека дочекот ќе биде организиран со сѐ и ќе им се пружи вистинско уживање на граѓаните.
„За Нова година ќе се прганизира за првпат дочек „Организирана Нова година“ со огномет и со локални бендови и диџеј“ – вели Горгиева.
Во меѓувреме неколку дена веќе градскиот парк во Кочани е во новогодишен сјај. Предновогодиишен базар, настап на децата од основните училишта и градинките, концертот на музичкото училиште Ристо Јуруков се само дел од настаните изведени во паркот во новогодишен амбиент.

„Општина Кочани иако започна со подоготвоки на дочек за Нова година, сепак смогна сили и успеа да го организира новогодишниот базар. Беа распишани два јавни повика, на вториот се пријави само еден кандидат. Општина Кочани имаше обврска да го уреди целиот простор да помогне во програмата и со помош на приватниот секотор и општината придонесовме за прекрасен новогодишен базар.“ – вели Горгијева.
Новогодишната програма започнува на 31.12 (сабота) од 20 ч., Прославата на Нова година во Паркот на револуцијата доаѓа по предлог на независниот советник Венко Крстевски, кој на последната седница на Советот на Општина Кочани побара продолжување на работното време на поставените продажни објекти од 24 до 02 ч. и одвојување на средства од Буџетот за култура за прослава на Новогодишната ноќ.
Лаура Стојанова М-Нет