Јорданов: Ковачевски да одговори на прашањата за одбивањето на обврзницата за Штип?

Откако во текот на вчерашниот ден излезе веста дека нема субјективна причина поради која Владата не ја одби обврзницата на Општина Штип, денеска во писмено соопштение пристигна реакција и од општината. Велат дека Премиерот Ковачевски или не ја познава законската регулатива, или шири лаги и невистини пред

медиумите.

„Откако Министерството за финансии издаде позитивно мислење за издавањето општинска обврзница од страна на Општина Штип, Владата требаше да донесе техничка одлука со која ќе го верификува целокупниот процес. Меѓутоа, од до сега неразбирливи причини, точката на Општина Штип доставена во вид на Информација за Влада од страна на Министерството за фининсии, во два наврати е тргната од дневен ред.
Најдобро е Премиерот Ковачевски да одговори на прашањата:
Со кое образложение Владата воопшто не ја разгледува доставената информација од
Министерство за финансии?
Дали Владата ја доведува во прашање експертизата на Министерството за финансии и Комисијата за хартии од вредност?
И дали ова е уште еден обид за кочење на развојните процеси во Општина Штип?“ – прашуваат од Општина Штип.

Обврзницата за Штип беше тргната од дневен ред на две седници на Влада, а според Јорданов ова беше начин за реализација на капитални прокети во градот и за граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет