Кров над глава добиваат 48 социјални семејства од Свети Николе, објавена прелиминарната листа

Објавена прелиминарната листа на граѓани од социјален ризик кој ќе добијат стан во Свети Николе. Со поддршка на Министерството за транспорт и врски, граѓаните и семејства од социјален ризик ќе го решат станбеното прашање и ќе добијат кров над глава и во оваа општина. Подобар начин на живот, похумани услови за сите граѓани, даваат видливи резултати истакна Министерот Бочварски. Додава дека со ова тепмо ќе се продолжи на наредната 2023 година.

„Денеска сме овде во Свети Николе да помогнеме на ранливи категории граѓани кои немаат сопствен дом, во овие тешки времеиња. На јавниот оглас објавен од Министерството за транспорт и врски право на пријавување имаа неколку категории граѓани. Прелиминарлната распределба е завршена. Конечната листа ќе биде завршена по завршување на работата на комисијата на терен.“ – кажа Бочвраски.

Станбената зграда во Свети Николе е изграден согласно договорот, а стнаува збор за објект составен од приземје и четири ката, каде 48 социјално загрозени семејствата ќе добијат кров над глава.

„Колективната станбена зграда е изградена согласно договорот, а за неколку месеци имаме прелиминарна листа за доделување на становите. Проектот успешно се имплементира. Објкетот се состои од приземје и четири ката, вкупната инвестиција е 85 милиони денари.“

По подолг временски период живот во стари куќи, без соодветни услови за живот, граѓаните кои денеска се најдоа на прелиминарната листа се среќни што конечно ќе добијат топол дом.

Досега изградени или во фаза на градење се 864 стабнеи единици во државата. Од Источниот дел од државата распределени се социјалните станови во Виница и Пробиштип, наредната година ќе се распредалат становите во Пехчево и Кочани, а ќе започне изградбата на социјална зграда во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет