
Затворениик од КПУ Затвор Штип кој бил хоспитализран во Клиничка болница Штип, вчеравечер избегал. Информацијата за М-Нет телевизија ја потврдија од болницата. Од таму велат дека лицето биле примено на 20 ноември на болничко лекување, а денеска требало да му се изврши операциски зафат на кук, но синоќа час и половина по полноќ лицето избегало. Од болницата не додаваат како избегало и што понатаму со ова лице. Случајот го потврдија и од затворот. Директорот, Мики Тодоров во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека е известен за настанот и дека осуденото лице ќе се бара со потерница.
“Осуденото лице на 20.11.2022 година со одобрение за специјалистички преглед, упат за лекарски преглед и налог за спроведување е хоспиталиизрано во Клиничка болница Штип. На истото требаше да му се изврши операциски зафат денеска, но вчеравечер избегал од болницата. Беше обезбедуван од двајца затворски полицајци. Известени се од СВР Штип и дадена е наредба за распишување на потерница со која ќе се бара осуденото лице“ – кажа Тодоров.
Лаура Стојанова М-Нет