
Готвење, перење после 22 часот, од две светилки се пали само една, на граѓаните не им се потребни препораки од страна на Владата за да се штеди, штипјани на терен велат сами штедат бидејќи сметките за струја се високи. Дел од анкетираните веќе ги добиле сметките за електрична енергија, друг дел чекаат, но се плашат бидејќи со ниските примања многу тешко да се плати сметката.
„Има покачување ама слушаме ги советите на Владата и штедиме струја. Готвеме во недела, времето ни оде во прилог, не пуштаме клима. Ако вака продолжат вака сметките нема да биде тешко, ако не незнам. Ама мора да се грееме, не може да седиме на ладно, но нема да се расфрламе“
Дел од граѓаните кои не се греат на струја, туку користат друг енергенс како дрва или пелети додаваат дека и на тој начин трошоците се големи, бидејќи примањата се ниски. Очекуваат тешка зима и се подготвуваат за истата. Велат дека мора да се најде соодветен начин и да се заштеди и да се помине најавената тешка зима.
Лаура Стојанова М-Нет