Македонија до 18 години утре против Словачка на втор контролен дуел, Дарко Стојанов главен судија

Утре на Градскиот стадион во Штип ќе биде одигран вториот контролен дуел помеѓу селекциите на Македонија и Словачка до 18 години.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа убедливо поразени во првиот контролен дуел (1:5), во меч каде селекцијата на Словачка одигра извонреден натпревар, во текот на сите 90 минути беше подобар противник и сосема заслужено се радуваше на убедлива победа.

Главен судија на утрешниот дуел меѓу Македонија и Словачка до 18 години ќе биде штипскиот судија Дарко Стојанов, додека пак Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов од Кочани ќе бидат помошници на Стојанов. За четврт судија е делегиран Спире Арсов, исто така од Кочани.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.