Со положување свежо цвеќе започна одбележувањето на 78. роденден на штипската слобода

Со положување свежо свеќе на Алеата на херои, и спомен костурницата на Исарот започна одбележувањето на 78 годишнината од ослободувањето на Штип. Претставници од Локалната самоупрва, политички партии, делегации, пријатели со едно минутен молк го започнаа чествувањето на 78 роденден на штипската слобода.

„Осми ноември е симбол на остварувањето на вечниот стремеж за слобода, осми ноември како значаен датум од историјата сведочи за победата над бугарскиот окупатор ја потврдува способноста и борбеноста на штипјани за ослободување од германскиот поробувач. На 8 ноември 1944 година штипјани со борба ги уништија окупаторите, храбро се отргнаа од обрачите на теророт и конечно ја почувствуваа слободата. Денес ја чествуваме храброста на нашите сограѓани, ја величаме ниваната дејност, но уште поважно ги славиме 78 години во кои Штип и штипјани бетисуваат во мир и слобода минувајќи низ реформите кои ги носи времето“ – кажа Кожинкова.

Пред 78 години започна новата историја за Штип која во годините наназад донесе слобода и многу промени. Чест им се одадде на штипските великани Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Љупчо Арсов и генерал Мијал Апостолски.

Лаура Стојанова М-Нет