Лазар Илиев ќе ја предводи Брегалница во наредните натпревари, клубот засега не размислува за нов тренер

Штипска Брегалница засега не размислува за нов тренер на клубот откако вчера во јавноста беше соопштено дека Илчо Ѓоргиоски шеф на стручен штаб и Никола Тонев спортски директор ја прекинаа соработката со Брегалница.
Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.
Од раководството на клубот за МНЕТ телевизија изјавија дека Лазар Илиев помошниот тренер ќе ги предводи наредните натпревари и дека засега клубот не донел одлука за нов шеф на стручниот штаб на клубот.
Од раководството на клубот не сакаа да ја кажат причината за прекинување на соработката со Ѓоргиоски и Тонев а преку соопштение изјавија им се заблагодарија за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера.
Инаку Брегалница денеска го одработи и последниот тренинг во пресрет на утрешниот четвртфинален натпревар воо купот на Македонија против екипата на Струга. Четвртфиналниот натпревар се игра утре со почеток од 13.00 чсаот на градскиот стадион во Струга. Како што истакнаа од Брегалница натпреварот утре ќе го води Лазар Илиев.