Штипјани не може да си го обезбедат ни основното, а не пак да штедат – ситуацијата тешка

Пред речиси еден век, денешниот ден 31 октомври бил прогласен за Светски ден на штедењето. Но, денеска наместо да се заштедат финансиски средства за различни цели, граѓаните во Штип н атерен велат, се штеди на храна, на облека, на струја, нафта, дрва. Сѐ штеди бидејќи примањата се мали па не стасуваат за да се купе се што е неопходно, автомобил возат оние кои може да си дозволат.

„Нема на што да штедиме, да треба да штедиме ама нема на што да штедиме. Пари земавме 14 илјади, три кубика дрва не можам да купам, а каде е струја, вода, телефон, храна, лекови.“

Да се „тргнат“ пари на страна не се ни помислува децидни се анкеираните штипјани. Ваква криза во државата не паметат до сега, а велат ќе биде уште потешко.

Анкетираните граѓани велат дека во моментот штедењето на средства е луксуз, бидејќи мора да се штеди на се останато.

Лаура Стојанова М-Нет