Овче Поле убедлив против Тиверија, високи и убедливи победи за Рудар и Осогово

Осмата рунда од Третата лига – Исток донесе многу погодоци. Најубедливи победи однесоа Рудар и Осогово.„Рударите“ на домашен терен со 6:0 го декласираа Вардарски од Богданци, кој продолжува да тоне на табелата.Рудар до големиот триумф на домашен терен стигна со трите погодоци на Марио Атанасовски, и головите на Слаѓан Митевски, Давид Манев и Антонио Стојчов.Ланскиот второлигаш и главен фаворит за баражот за Втора лига, Осогово со убедливи 1:6 го декласираше Карбинци на гостински терен. „Жетварите“ со новиот триумф и новите три бодови се зацврстуваат на врвот од табелата во Трета лига – Исток.Победата беше обезбедна уште во првиот дел од мечот кога резултатот беше 0:3 за гостите од Кочани. Јован Дојчинов три пати ја стресе мрежата на Карбинци, Христијан Крстов беше двоен стрелец, а последниот гол беше дело на капитенот Тоше Манов.За домашниот тим единствен стрелец беше Стефан Стафанов, кој погоди во 73. минута од мечот.Брегалница Делчево на домашен терен со погодиците на Илеив и Пешовски го доби Дојранско Езеро со 2:0 за четврто славје.Малеш на теренот во Градско Балдовци со 2:3 го доби Спартмани и конечно се врати на победите. Гостите од Берово на полувреме имаа водство од 0:2 со двата погодоци на Митко Пачемски, постигнати во финишот на првото полувреме. Во вториот дел Спартмани со голот на Драги Глигоров во 52. минута го намалија водството на Малеш на 1:2, но Андреј Стојановски повторно го зголеми водството на Малеш на 1:3. Во судиското надополнување Мартин Шутевски го ублажи поразот на 2:3.Новајлијата Академија Чешиново-Облешево со пресврт стигна до триумф над Победа од Валандово со 3:1. На полувреме гостите имаа водство од 0:1 со голот на Малентин Михајловски. Во вторито дел Коцев и Заов го свртеа резултатот на 2:1 за водство на домашните, а Столе Тодоров ги постави конечните 3:1.Овче Поле со високи 3:0 славеше над Тиверија и со тоа се врати на победничките патеки. Емил Рунчевски уште во 10. минута ја отвори Тиверија, а пак Христијан Јакимов во 29. минута си постигна автогол за 2:0 на полувреме.Во финишот од мечот одигран на Градскиот стадион во Свети Николе, Дарко Нацев постигна гол за конечни 3:0.Што се однесува до табелата Осогово е осамен на врвот со 22 бодови, пред Овче Поле кој е втор со 17 бодови и Тиверија која е трета со 16 бодови. * ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК: