
Зелка, карфиол, корнишони сѐ ушенајбарани на градскиот пазар во Штип. Според продавачите и трговиците цените делумно се пристапни за граѓаните, покажување нема, а побарувачката е задоволителна. Од друга страна почна сезоната и на овошките, но како што велат зимава ќе се јаде скапо овошје. Протокалот денеска држеше цена од 90 денари за килограм, без тенденција во наредниот период да се намали неговата цена. Скапи беа и бананите.
„Пазарот не е многу добар, малку послаб од некна. Цените се дури малку поевтини, корнишоните, краставицата. Мандаринката ја сакаат повеќе, бананата е скапа. Мандарината е 70 денари сега почетна цена, не е некој апосебно блага шербет ама првата мандаринка е таква. “ – велат продавачите.
За поголем дел од купувачите цените не се пристапни за нивните џебови. Велат квалитет има, но производите држат и цена.
„Цените се супер заникаде. Сѐ е скапо, пензиите стоат, а цените растат, велат за 10% ќе се намалат цените. Ништо нема намалено. За квалитет има, ама цените што се големи големи се“ – велат купувачите.
Убавото време придонесе и да има посетеност и раздвиженост на пазарот во Штип. Според продавачите производите за зеимница ќе се достапни уште одреден период, а потоа започнува екот на сезоната на праз, зелка, како и овошките.
Лаура Стојанова М-Нет