Стојчевски ќе им суди на Беласица и Воска, искусниот Грујоски го доби езерското дерби

Викендот на програмата се натпреварите од 8. коло од Втората македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за натпреварите од осмата рунда, а кои се играат в недела со почеток од 14:00 часот.

Осмото коло ни носи возбудливи, интересни и неизвесни натпревари со голема борба за целиот „плен“. Големото езерско дерби кое се игра на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Караорман ќе го суди искусниот Александар Грујоски од Кичево, додека пак дуелот во Струмица меѓу Беласица и Воска Спорт го доби Игор Стојчевски од Скопје.

  • Целосното делегирање за натпреварите од 8. коло од Втора лига:

Пелистер – Слога, Ндерим Тефику (Куманово)
Беласица – Воска Спорт, Игор Стојчевски (Скопје)
Тетекс – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Вардар – Беса, Доне Ристовски (Гевгелија)
Кожуф Гевгелија – Каменица Саса, Боби Величков (Велес)
Арсими – Локомотива Пехчево, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Охрид – Караорман, Александар Грујоски (Кичево)
Детонит Плачковица – Борец, Миле Лазов (Неготино)