Пониски цени, но и помалку народ и побарувачка на пазарот во Кочани

Дождот, лошите временски услови, сирмоаштијата во државата, дел од причините поради кои побарувачката на денешниот пазр во Кочани е слаба. Продавачите велат дека нема ниту народ, а и оние кои излегле само прашуваат, а не купуваат. И покрај тоа што дел од цените на производите се намалени, сепак пробарувачка нема. Произведувачите велат ако продолжи вака тешко ќе се преживее.

„Лошо е, лошо, нема народ, нема кој да купе. Има намалување на цените, карфилот беше 80, 120 денари сега е 50 денари. Има производство нема кој да купи. Државата ни е пртал држава, ние работеме нема кој да го јаде тоа. Свињите се уништија, храната стое, ако продолжи вака држава ќе нема.“

Дека народ нема, согласни се и купувачите, оние кои и покрај лошото време излегле да го купат само најосновното бидејќи толку дозволува буџетот.

За зимници продавачите на градскиот пазар во Кочани велат не се ни зборува, бидејќи се помалку граѓани одлучуваат да купат производи за да направат зимница.

Лаура Стојанова М-Нет