
Различни видови на лековити билки и чаеви, собрани од осоговските планини во голема мера се пласираат на пазарот во Кочани. Чичко Христо Арсов откако се пензионирал започнува со своето хоби, односно собирање на билки, кои понатаму ги складира и им ги нуди на кочанчани. Вели чај собира преку текот на целата година, не за егзистенција туку за поминување на слободното време.
„Чаевите се од осоговскиот крај. Сам ги осбирам, сам ги подготвувам, пензионер сум и се занимавам со собирање чаеви. Јас ги собирам чаевите во текот на целата година, секој период од годината има различен чај кој се собира. Сега моментално шипката ја има“ – вели Арсов.
На осоговските планини има изобилство од чаеви, додава Арсов, но сепак големо влијание имаат и временски услови. Оваа година берењет на чај е малку задоцнето, но сепак има. Граѓаните вели чичко Христо бараат чај бидејќи на секој има начин на поготовка и за што служи.
„Имаше добро чаеви, но малку оскудна беше годината, на почетокот беше многу топло и вегетацијата не можеше нормално да вегетира, потоа дождовите придонесоа малку да се искористи ситуацијата, ама малку закаснавме“ – додава Арсов.
Во зависност од чајот се одредува и цената. Чичко Христо вели дека во едно пакетче има околу 50 до 70 грама чај и се продава по цена од 50 денари.
Лаура Стојанова М-Нет