На 13 октомври започнува петтиот меѓународен хорски фестивал Атибо фест во Штип

На 13 октомври свечено ќе биде отворен петтиот меѓународен хорски фестивал Астибо фест во Штип. Манифестацијата започнува во 19:30 часот пред Дом на култура Ацо Шопов Штип, со подигањен на знамињата на фестивалот и фанфари. Потоа прооложува со престваување на хорови од државата и странство во големата сала на Домот на култура.

„Годинава повторно че се оддржи Астибо фест по петти пат во просториите на Дом на култура и ќе бидат учесници повеќе хорови од повеќе земји.“ – кажа Шуманска.

Сите три вечери ќе се претстават по три хора, а гости ќе има од Бугарија, Србија и Турција.

„Годинава гостите на фестивалот ќе бидат од четири држави, имаме три хора од Македонија, еден хор од Турција, еден хор од Србија и вокално инструментален состав од Бугарија. Фестивалот е замислен да трае три вечери, секоја вечер че се претстават по два хора “ – додаде Јанов.

Астибо фест е поддржан од страна на Министерството за култура а во соработка со Дом на култура Ацо Шопов Штип. Дректорот Трајков очекува голема посетенос од граѓаните бидејќи има што да се понуди и во што да уживаат.

„Чест ни е на заедничката соработка со градски хор Штип да ја продолжиме и оваа година. Инаку традиционално се оддржува ин тернационалниот хорски фестивал Астибо фест. Министерството за култура издвои 300 илјади денари за поддршка на овој фестивал.“ – кажа Трајков.

За учесниицте на фестивалот ќе следуваат соодветни награди.

Лаура Стојанова М-Нет