Наплатата на паркинг за пастрмалијадата во Штип ги распали страстите меѓу власта и опозцијата

Од морални причини вд директорот на ЈП Стипион да си поднесе оставка, побараа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Ова следи откако како што велат тие директорот е фатен со рацете во медот по примерот на шпицниот градоначалник Мицкоски. Прашуваат каде ќе завршат парите собрани преку наплата на паркинг на влезот во Штип?

„Јорданов вчера го оцрни образот на Штип и наплаќаше паркинг на влезот од градот од 80 денари за сите автомобили кои немаат штипски регистрески ознаки. В.Д. Директорот на ЈП Стипион, Ефтимов фатен со рацете во медот по примерот на шпицниот градоначалник Мицкоски, преку фб страната на ЈП Стипион дрско излажа дека неговите вработени не вршат наплата туку само делат флаери. “ – кажаа од СДСМ.

За оставаката директорот Ефтимов истакна дека нема да коментира, а во врска со наплатата на паркинг напомена дека првично сакале да ја почитуваат пдлуката донесена на седница на Совет на Општина Штип, но подоцна наместо наплата граѓаните дпбивале флаери.

„Оваа година за првпат напарвивме еден нов начин на којшто ги упатувавме возилата односно гостите каде да ги паркираат нивните возила. Имаше поставено два пунктови и имаше контролори на сите оние улици каде треба да бидат паркирани возилата. На почеток се почитуваше одлуката за наплата на паркингот, а не за влез во градот. Кога видовме дека има преголеми гужви, свикавме еден брз состанок решивме тоа да го стопираме “ – кажа Ефтимов.

Ефтимов истакна дека и вечерва нема да се наплаќа паркинг услуга на улиците за пастрамалијадата, ниту пак ќе се наплаќа влезот во градот.

Лаура Стојанова М-Нет