Александар Кангалов е нов управител на штипската дирекција на УЈП

Штипската експозитура на УЈП за нов управител го добива Александар Кангалов. Пред четири години дирекцијата во Штип за управител ја имаше Ана Јаковчевска – Андонова. По четири години празно управителско место и заменик управител во оваа институција, Кангалов ќе биде на чело на истата. Претходно со одлука од март 2021 година Александар Кангалов беше избран за Раководител на сектор за финансиски прашања при Општина Штип, а и претходно работеше во Секторот за финансии при Општината. Кангалов е и поранешен претседател на ОО на СДСМ во Штип, а на тоа место годинава го замени Јане Миланов.

Ребека Спасова М-Нет