
Домашно произведени јајца, одгледување на ориз, производство на сезонско овошје со цел да се преживее. Овие производи секој петок им се нудат на граѓаните во Штип, но постојано по иста цена. 12 денари за домашно произведно јајце, а храната за кокошките двојно зголемена, килограм ориз 50 денари, речиси идентично како еден леб. Произведувачите од штипско велат неисплатливо е, бидејќи никој не ја гледа нивната работа и мака да произведат и да продадат нешто.
„Тражат граѓаните, се трошат јајцата само многу е скапа храната, јајцата не ги качуват, се продаваат по 12 денари. Концетратите се качени, а ориз имаме тој е по 50 денари, тоа е ептен џабе. Цените на тоа не се качуваат, растат само цените на лебот и другите производи“
Ова им е единствена егзистенција за која као што вели нашата соговорничка нема простор за дискусија. Ориз има кој да одгледува но, не се испалќа, бидејќи скапи се цените на водата за прскање и ѓубрето, а не се покачува цената на белиот оризот.
„Никако, како. Што да правиме со девет илјади пензија, само сопругот зема, јас не. Има кој да продолжи да се занимава со ориз ама многу скапо ѓубрето и сѐ останато. Вода за прскање по четири илјади за еден килограм, вода е. Ѓубрето беше лани 1000 денари сега е од 1600 до 1700 денари. Скапо е сѐ“
Цената на домашните јајца последен пат зголемување бележеше пред Велигден кога од 8 порасна на 12 денари. Но, отогаш до сега се променија цените на речиси сѐ останато.
Лаура Стојанова М-Нет